Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 
25-27.04. Пролетен Маратон
 
 





ИЗВЕШТАЈ ОД 55-то ГОДИШНО СОБРАНИЕ - 25.03.2014

 

На 25.03.2014 година, ПСК Бистра - Скопје го одржа своето редовно 55-то Годишно собрание . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ЉУБОТЕН - 05.04.2014

 

Согласно програмата на клубот за овој викенд, беше предвидена планинарска акција за Љуботен. На состанокот се пријавија точно 9 члена. На пат тргнавме во саботата на 05-ти Април. Со комбето стигнавме до местото каде вообичаено го паркираме. Прогнозите за викендот . ...повеќе

 
 

ПОКАНА ЗА ПЛАНИНАРСКИОТ ПОХОД БОГОМИЛА – СКОПЈЕ

 

Планинарски спортски клуб Бистра од Скопје во деновите 25, 26 и 27 Април 2014 година го организира 34-от по ред Планинарски поход од Богомила преку планинарски дом Чеплес, врв Солунска Глава, планинарски дом Караџица до врв Крстовар, планинарски дом Даре Џамбаз на Водно - Скопје. Во таа чест Ве покануваме, Вие да земете учество на овој поход, со следната програма: . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАИ ОД ДРУГИ АКЦИИ НА КЛУБОТ НАДВОР ОД ГОДИШНАТА ПРОГРАМА 2014

 

Надвор од Годишната програма за 2014 година, членови на клубот изведоа неколку различни акции . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД КОЗЈАК И КОКИНО - 30.03.2014

 

На ден 30.03.2014 година (Недела), членови на нашоит клуб учествуваа на планинарска тура за искачување на врв Китка 1211 мнв. на планината Козјак, Кумановско, на самата граница со Р. Србија. Организатор на оваа акција беше новоформираното планинарско друштво од Куманово “Козјак 2013“ . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ПЕЛИСТЕР - 22-23.03.2014

 

За викендот 22-ри и 23-ти Март, требаше да се реализира акција за Мусала, во Р. Бугарија. Беше резервирано за престој во хижа Мусала како и резервиран минибус за патување. Меѓутоа бидеќи преку неделата се намали бројот на пријавени, и патувањето беше нерентабилно, за да не пропадне викендот, се одлучи да се оди на Пелистер, акција која беше по програмата на клубот . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ТИТОВ ВРВ - 15.03.2014

 

На состанокот на клубот одржан на 11.03.2014 година, за престојниот викенд на 15.03. беше определена акција според програмата на клубот за Китка. Се пријавија 12 члена. Бидеќи преку медиумите за престојниот викенд беа најавени високи температури од 20 и повеќе степени, од одредени членови беше даден предлог да одиме на Титов Врв . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД РУЕН - 09.03.2014

 

Согласно програмата на клубот, за овој викенд беше предвидена како акција, зимско искачување на Руен 2252м. - Крива Паланка. За Руен, која е еднодневна акција се пријавија 9 члена. Тргнавме во неделата на 09-ти Март во 06.00 часот. Во Крива Паланка не пречека Раде Цветановски, кој е наш член . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД МИЛЕНКОВ КАМЕН - 01.03.2014

 

Тргнавме во 06.30 часот од пред Нова Македонија со клубското комбе. Во с.Патишка Река стигнавме во 07.30 часот. Полека се спремивме и во 08.00 часот тргнавме нагоре по маркираната патека . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД МАВРОВО - 22.02.2014

 

Според програмата на клубот, на состанокот оджан на 18-ти овој месец, поради денот задушница за саботата се предложи акција за Маврово. Се пријавија точно 9 члена. Меѓутоа во саботата утрото кај комбето се појавија само 6 члена. Не дојдоа Искра, Трајко и Кире. После 10 години одење на Маврово без прекин во овој зимски период, за прв пат . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ЉУБОТЕН - 16.02.2014

 

За овој викенд беше предложена дводневна планинарска акција за Кожуф и искачување на Двете уши. Се беше договорено и резервирано ноќевање во планинарскиот дом во с.Коњско, но во текот на неделата, од пријавените 9, поради објективни причини се откажаа 5 члена, и поради тоа не се реализира оваа акција. За да не пропадне викендот . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ТИТОВ ВРВ - 08.02.2014

 

На состанокот на клубот одржан на 04.02.2014 год., согласно програмата на клубот за 2014 година, како акција за престојниот викенд се предложи акција за Титов Врв. И покрај тоа што на состанокот имаше околу 50 присутни . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД УБАВА - 18.01.2014

 

ПСК БИСТРА Скопје, на 18-ти Јануари оваа година организираше искачување на врвот Убава на планината Јакупица. Поаѓањето беше закажано во 6 часот наутро спроти Нова Македонија. На оваа акција тргнаа 11 . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД СКОПСКА ЦРНА ГОРА - 01.02.2014

 

На планина тргнавме во 7:30 часот од пред Нова Македонија со клубското комбе. Во с.Љубанци стигнавме во 8:00 часот. Се упативме кон врвот Црн Камен. Скоро за цело време по патот имаше магла, снег и ветер, но сите бевме упорни . ...повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД БАКАРДАН - 29.12.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 27-ми Декември, како акција за викендот, од моја страна беше предложена акција насловена како “Новогодишно искачување на Титов врв“. Се пријавија точно 9 члена. Во саботата поради спреченост се откажаа 2 члена а дополнително се пријави еден член. Во неделата на тргнување, поради успаност не дојдоа 2 члена . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНИНАТА - 15.12.2013

 

Како и секоја година така и оваа по повод Светскиот ден на планината, 11-ти Декември, освен презентации на планинарските достигнувања во тековната година, што се одржа на 26-ти Ноември, ФПСМ организираше и планинарска акција од ОУ “Кочо Рацин“ преку врв Водно до Матка каде сите учесници и гости можат да добијат бесплатен чај, греана ракија, греано вино и планинарско гравче . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ЦРН ВРВ 2300 МНВ., ВИТОША, СОФИЈА, Р.БУГАРИЈА 21-22.12.2013

 

Секоја година, некаде недела дена пред Нова Година, традиционално, одржуваме планинарска акција во Р.Бугарија, со посета во саботата на Софија, и во неделата со искачување на Црн врв, највисокиот врв на Витоша . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ТИТОВ ВРВ / БАКАРДАН, 14.12.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 10-ти Декември, како акција за нареден викенд беше акцијата за Светскиот ден на планината на 15-ти во неделата, согласно добиената програма од ФПСМ. Меѓутоа со оглед на сончевото време кое го имаше секој ден а и најавите за сончево време за престојниот викенд, јас за саботата предложив акција за Титов Врв . ... повеќе

 
 

ФОТО-ПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД ПЛАНИНАРСКИТЕ АКЦИИ ОД 2012 ГОДИНА

 

Иако Годишното собрание за активностите на ПСК ,,Бистра,, за 2012 година беше одржано во март месец 2013 година, се до денес, од непознати причини, фотопрезентацијата на планинарските акции од 2012 година не беше објавена на веб сајтот на клубот . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ДОСТИГНУВАЊА ЗА 2013 ГОДИНА - 26.11.2013

 

По повод светскиот ден на планината, нешто малку пред вообичаениот традиционален термин поради оправдани причини, во ДХО Даре Џамбаз - Скопје се одржа презентација за планинарските достигнувања во Македонија за 2013 година. Организатор на оваа манифестација беше ФПСМ . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ЉУБОТЕН - 23.11.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 19-ти Ноември, за акција за наредниот викенд се предложи акција за Убава. Меѓутоа поради непостоење на услови за безбедност на нашето комбе кое би било паркирано во село Патишка река, преку неделата се одлучи да се патува на Љуботен, бидеќи во име на клубот не е одржана акција на овој врв подолго време наназад . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАИ ОД ДРУГИ АКЦИИ НА КЛУБОТ НАДВОР ОД ГОДИШНАТА ПРОГРАМА 2013

 

Надвор од Годишната програма за 2013 година, членови на клубот изведоа неколку различни акции . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ТИТОВ ВРВ - 03.11.2013

 

На состанокот на клубот за престојниот викенд беше предложена дводневна акција, но бидејќи немаше доволен број на пријавени, поради тоа што во саботата била задушница, се одлучи за еднодневна акција на Титов врв. Беа пријавени 9 члена. Преку неделата настанаа одредени промени и плус се пријавија Диме и Илија . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД СОСТАНОКОТ НА BMU ВО СЛОВЕНИЈА 18-20.10.2013

 

Од 18-ти до 20-ти Октовмри оваа година Планинска звезда Словеније (Планинарскиот сојуз на Словенија) беше домаќин на есенскиот состанок на BMU (Балканска планинарска унија). Состанокот беше одржан во планинското место Бавшица, Бовец, во планинарскиот дом кој е тренинг центар за сите планинарски курсеви . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД РУЕН - 26.10.2013

 

Согласно програмата на клубот, за овој викенд беше предвидена акција за Руен 2252м - Крива Паланка. На состанокот имаше предлози и за дводневна тура, меѓутоа немаше доволно заинтересирани членови . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ДОБРА ВОДА - 19.10.2013

 

Акцијата за искачување на врвот Добра Вода 2061 мнв., беше договорена на состанокот на клубот на 15.10.2013 година. На пат се тргна во 06 часот од Скопје и во 08.30 стигнавме во с. Железна Река . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ПИРИБЕГ - 12.10.2013

 

Акцијата за искачување на врвот Пирибег на Шар Планина беше договорена на состанокот на клубот, на 08.10.2013 година. Се пријавија 9 планинари кои во 06 часот тргнаа од Скопје и во 07.30 отпочна искачувањето на врвот од паркингот со ресторанчињата, над селото Беловиште . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД 22-ри ЕСЕНСКИ МАРАТОН БОГОМИЛА – СКОПЈЕ 27-29.09.2013

 

На 27-ми Септември 2013 година освен членови од ПСК Бистра за маратонот се најавија и други планинари - пред се наши пријатели. Сите патувавме со возот за Богомила, а потоа со такси кон с. Папрадиште и од таму пеш до планинарскиот дом Чеплес . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД СЕМИНАРОТ ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ 27-29.09.2013

 

Во деновите 27-29 Септември 2013 година во организација на ФПСМ се одржа семинар за планинарски водичи. Целта на семинарот беше да се освежат знаењата од оваа проблематика како и да се обноват лиценците на постојните планинарски водичи . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ДОБРИШКИ ВРВ/ЕЗЕРСКИ ВРВ 06.10.2013

 

Откако акцијата на ПСК Бистра за искачување на „Пирибег“ во неделата на 06.10.2013 година се откажа, во саботата навечер тројца членови на клубот, Валентино Димитровски, Славко Стефанов и Горан Велковски, се придружија на акцијата за искачување на Добришки Врв . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ОЛИМП 26.08-03.09.2013

 

На 26.08.2013 год. Вторник во 04 часот тргнавме на пат за Грција. На граничните премини Богородица и Евзони поминавме за кратко време без проблеми. Кога стигнавме се сместивме во кампот Евридики . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД СТОГОВО – 28-29.09.2013

 

На пат тргнавме во сабота во 05.00 часот со едно ПМВ. Во с. Гари бевме во 08.30 часот. Се спремивме и тргнавме према врвот Голем Рид. Се беше во ред . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ДЕШАТ - 14.09.2013

 

На пат тргнавме во сабота во 06.00 часот со клубското комбе. На стартната позиција во с. Битуше, Долна Река бевме во 08.30 часот. Се спремивме и полека тргнавме нагоре према врвот на Дешат . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ВИХРЕН 21-22.09.2013

 

За оваа акција на состанокот одржан на 17-ти Септември се пријавија точно 9 члена, иако на состанокот две недели пред тоа беа пријавени дупло повќе и се размислуваше да се патува два пати на оваа акција. На пат за Р. Бугарија се тргна во саботата во . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД 22-ро ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ KOРАБ 08.09.2013

 

Традиционално секоја година по повод Независноста на Република Македонија, а во организација на ПСД Кораб - Скопје, ПСК Бистра – Скопје зема учество во искачувањето на Голем Кораб, највисокиот врв во Република Македонија. На состанокот одржан на 03.09.2013 се пријавија вкупно 18 членови и се одлучи да се патува . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД БАЛКАНСКАТА ПЛАНИНАРСКА ЕКСПЕДИЦИЈА "ДАМАВАНД - 2013" - 5671м.

 

Извештајот од Балканската планинарска експедиција ,,Дамаванд,, 2013, е доставен од моја страна, како организатор и водич на оваа експедиција до БМУ и до ФПСМ, со цел да биде разгледан на првиот нареден состанок на БМУ во Словенија во Октомври месец и потоа да се објави во електронското гласило на БМУ . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ОЛИМП - 22.08.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 13-ти Август, за во групата која треба да замине на 17-ти Август се пријавија околу 18 члена, што е многу повеќе од едно наше комбе. Се пријавија и членови кои веќе во Јуни месец биле на Олимп и на одмор. Беше одлучено со комбето да патуваат само оние кои не биле во Јуни . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ТИТОВ ВРВ - 24.08.2013

 

На пат тргнавме во сабота во 06.00 часот со едно ПМВ. На Попова Шапка стигнавме во 07.30. Се спремивме и полека тргнавме нагоре према столбовите на жичарата бидејќи се договоривме да одиме по Вакуфската стандардна патека. За кратко време излеговме на земјениот пат каде на едно место . ... повеќе

 
 

Извештај од традиционалниот 27-ми планинарски маратон "ИЛИНДЕН" 2013 година

 

По повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ "ИЛИНДЕН" по 27-ми пат се организираше планинарскиот маратон Скопје-Крушево-Охрид. Се собравме планинарите од неколку планинарски друштва од Р. Македонија, вкупно 4 учесници, на возраст од 30 до 70 год, и тоа од ПСК "Бистра" тројца, и еден Македонец од Шведска, и ја поминаа трансферзалата од Скопје-Крушево-Охрид во должина од 200 км . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ,,КОБИЛИЦА,, - 11.08.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 06-ти Август, за викендот на 11-ти Август беше определена планинарска акција за Кобилица, по покана и во организација на “ПК Тетекс“ од Тетово. Интересот за оваа акција беше голем и се пријавија вкупно 17 членови. На пат тргнавме во неделата во 05.40 часот со изнајмен минибус . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ,,КАРАЏИЦА,, - 21.07.2013

 

За оваа акција беа пријавени 9 члена. Тргнавме во 06.00 часот од Скопје. Во Патишка Река стигнавме во 07.00 часот. Кога бевме кај чешмата над селото, се појави Гоце Церски, кој иако не беше пријавен, со сопствена кола дошол до Патишка Река. Кога стигнавме кај бачилото на Јаја . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ,,АКЦИЈАТА ЗА БЕРЕЊЕ НА ЧАЈ,, - 20.07.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 16 Јули, за саботата на 20 Јули договоривме акција за берење на чај на Китка, а за во неделата акција КАРАЏИЦА. За акцијата за берење на чај се пријавија 9 члена. Во текот на неделата се откажаа двајца, но на нивно место дојдоа други тројца. Тргнавме во 06.30 од пред . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД МЕДЕНИЦА - 14.07.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 02 Јули, за викендот на 13 и 14 Јули беше определена планинарска акција за Голема и Мала Враца. Меѓутоа на состанокот на клубот на 09 Јули немаше заинтересирани членови за оваа акција, и во согласност со традицијата на посета на Галичник и Галичката свадба на овој датум, како и секогаш со искачување на Меденица, 2163м, највисокиот врв на планината Бистра . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ОЛИМП, ГРЦИЈА - 13.06.2013

 

Оваа година на Олимп во јуни месец се отиде на два пати, односно во 2 групи. Првата група беше од 3-ти до 10 Јуни а втората од 11-ти до 16 Јуни . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД МАГЛИЌ, ЦРНА ГОРА - 07-09.06.2013

 

Оваа година домаќин на заедничката планинарска акција со планинарските друштва Комови од Подгорица-Црна Гора и Јосиф Панчиќ од Белград-Србија беше ПД Комови од Црна Гора. Датум на одржување, од 07 до 09 Јуни. Место на одржување Веруша, место после Колашин и Маташево. На пат тргнавме во петокот во 14.00 часот со изнајмен минибус . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ТРАДИЦИОНАЛНОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ-26.05.2013

 

По повод поканата од ПК Љуботен Тетово, за учество на традиционалното искачување на ТИТОВ ВРВ на 26.05.2013 година, на состанокот на клубот одржан на 21 Мај се пријавија 17 члена. Одлучено беше да се патува со комбе кое ќе го изнајмиме. На пат тргнавме во неделата во 05.00 часот. На Попова Шапка стигнавме во 06.30 кога поаѓаше колоната. Некаде над Вакуф почна . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД КОРАБ И ПРОЈФЕЛСКИ ВОДОПАД-18.05.2013

 

Традиционално секоја година некаде во почетокот на Јуни месец, одиме на Кораб и на водопадот Длабока Река (Пројфелски водопад). Оваа година одлучивме да одиме нешто порано, на 18 Мај. Тргнавме во 04.00 часот од Скопје. Во 06.30 часот стигнавме на Стрезимир. Со командирот на полициската станица ми беше договорено да се ноќева во објектот на станицата. Само што тргнавме да планинариме, над бачилото почна снегот . ... повеќе

 
 

МЕМОРИЈАЛ ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО-11.05.2013

 

По повод поканата од ПК Пелистер-Битола, за учество на меморијалот ,,Димитар Илиевски Мурато,, се пријавија 9 члена. На пат тргнавме во саботата во 04.00 часот. На Пали снопје на Пелистер стигнавме во 06.30 часот. Веднаш се приклучивме на колоната, со тоа што наместо по патот како што сите одат, ние како и секоја година, одиме низа боровата шума со цел да го избегнеме . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ЈАБЛАНИЦА-04.05.2013

 

Планинарското друштво Јосиф Панчиќ од Белград-Р.Србија, со кое ние сме збратимени, неколку години наназад, за првомајските и велигденските празници , во бројка од околу 45 планинари доаѓаат во Македонија, пред се во Охрид, и прават посета на некоја планина. Оваа година, исто така, беа дојдени во Охрид и за 4-ти Мај имаа предвидено искачување на Јабланица. Меѓутоа, бидеќи не баш најдобро ја познаваат планината, откако ние разбравме дека се тука во Македонија, се понудивме за денот на искачувањето да бидеме заедно и лично јас да ги водам на Јабланица, што тие со восхит го примија ова. Место на наоѓање во 07.00 часот беше плоштадот во село Вевчани . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА 33-ОТ ПРОЛЕТЕН МАРАТОН

 

Богомила - пд. Чеплес -  Солунска глава - пд. Караџица ––– Водно  изведен на 26,27,28 април 2013 година

 

Собирно место – пд. Чеплес

 

До 22 ч во петок на 26 Април пристигна 41 учесник од 10 планинарски друштва од Македонија, од кои 5 учеснички. Утрото во 5:30 на 27. 04.2013 ден сабота, колоната после заедничкото фото, по идеални временски услови се упати во правец на местото долна Бабина дупка. За еден час колоната пристигна, а бидејќи нагоре нема друга вода сите учесници земаа и по кратка пауза после стотина метри почна искачувањето . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА МУСАЛА-13,14.04.2013

 

После 2/3 одлагања на акцијата за Мусала, поради објективни причини, на состанокот на клубот одржан на 09.04.2013 за викендот кој престоеше, се договоривме да ја реализираме акцијата за Мусала. За оваа акција се пријавија 7 члена. Преку неделата дополнително се јавија уште 2 члена, Антонио Митричевски и Раде од Крива Паланка,  така да во саботата заминавме точно 9 члена. На патот за Боровец направивме мала пауза во Самоков. После паркирањето на комбето покрај полициската станица во Боровец, сите заедно околу 12.00 часот се упативме кон хижа Мусала, 2380м . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЉУБОТЕН-06.04.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 02.04.2013 за викендот кој престоеше, со оглед на тоа што во последните два обида не успеавме во лоши зимски услови да се искачиме на Љуботен, а да не ни се случи да помине зимата без искачен Љуботен, беше одлучено да се оди на овој врв. За оваа акција се пријавија 9 члена. Во текот на неделата се откажаа 4 члена, а се пријавија 2. На пат се тргна во саботата на 06-ти, од Скопје за село Старо село. Бидеќи снегот беше стопен , со комбето стигнавме до местото под домот каде обично го паркираме комбето. Над селото ги поминавме нашите членови Гоце, Влатко, Сара и Пепи кои само што ја паркираа колата . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД 54-ТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ

 

54-тото редовно Годишно собрание се одржа на 02.04.2013 година во големата сала во домот за хуманитарни органицации ,,Даре Џамбаз,, со почеток во 18.00 часот.

 

За собранието беше усвоен следниот дневен ред: . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТИТОВ ВРВ-31.03.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 26 март, за викендот на 31.03.2013 беше предложена акција за Солунска Глава. Бидеќи јас лично во име на ФПСМ во саботата требаше да бидам присутен во Агенцијата за млади и спорт по повод заминувањето на Илина за Еверест, и не бев во можност да возам со комбето за Солунска, се договоривме една група со кола да замине за Солунска Глава, а другиот дел од групата за да не ни пропадне викендот, во неделата да одиме на Титов врв. За на Титов врв тргнавме . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА РУЕН-24.03.2013

 

На состанокот на клубот одржан на 19 март, согласно календарот на акции, за викендот беше предложена акција за Руен во зимски услови. На пат тргнавме во неделата на 24 март. Бидеќи во комбето имаше слободно место, од Крива Паланка го зедовме Раде член на ПСК Руен од Крива Паланка. Прво отидовме до граничен премин Деве Баир за да се пријавиме бидеќи Руен е во погранична зона. Потоа преку рудникот Тораница, комбето го паркиравме во местото ,,кај машинско,,. Имавме намера кон врвот да . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕЛИСТЕР-02.03.2013

 

Акцијата за Пелистер беше реализирана на 02 Март. Бидеќи за жал Планинарскиот дом Копанки изгоре, ноќевањето го резервиравме во хангарот на Миле. На пат тргнавме во петокот после работа. Кога пристигнавме во хангарот на Миле, наидовме на нељубезен пречек, од типот на, вечерајте и побргу легнете си бидеќи овде се наплатува индустриска струја. Потоа кога некој наш член сакаше да му пренеси некој поздрав од пријател на Миле кој живее во Скопје . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЉУБОТЕН-16.02.2013

 

За оваа акција на Љуботен, се пријавија поголем број на членови. Точно 18. Поради овие причини се одлучивме да патуваме со мини автобус. Со автобусот стигнавме до Старо село. Снегот почнуваше од самото село. Ни беше јасно дека тешко  ќе излеземе до самиот врв на Љуботен. Над домот имаше густа магла. Планината воопшто не се гледаше. Бидеќи домот беше затворен и поради големиот снег и магла, поради што немаше можност од продолжување со планинарење кон врвот , поголем дел од членовите се сместија во објектот кој е непосредно под домот. Неколку члена кои се упатија над домот поради промашување на правецот на движење поради густата магла, за кратко време се вратија во објектот  и после кратко време сите се упативме кон Старо село . ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД ПЛАНИНАРСКАТА АКЦИЈА КИТКА

 

Тргнувањето беше во 6ч 45м од железничка станица на 10.02.2013г, по патот до дрварата во Драчево и долно Количани. Времето добро за пешачење. Од 580м н.височина со малку снег, се упативме кон село г.Количани, и од таму кон Китка. Како се движевме нагоре имаше се повеќе снег ... повеќе

 

ИЗВЕШТАЈ  ОД ,,МАВРОВО,,

 

За оваа акција на состанокот на клубот се пријавија поголем број на членови, и со цел да излеземе на сите во пресрет, се договоривме, една група да оди во сабота а друга во недела. Од Скопје тргнавме во 07.00 часот. Кога стигнавме во Маврово на паркингот, времето не ветуваше убав ден. Кога стигнавме кај бачилото, дуваше силен ветар. Поради ова Валентино и неговата сопруга останаа и не продолжија понатаму. Кога стигнавме на крајот од Беличкиот лифт, дуваше толку силен ветар што моравме да се бориме со него . ... повеќе

 
 

AКЦИЈА НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА – РАМНО

 

На 19.01.2013г Водици во  6ч 45м  група планинари и планинарки со автобусот 61 тргнаа кон с.Побожје ,а од таму пешки по патот во правец на с.Бродец. Времето магловито со малку снег по патот, бидејќи патеките беа непроодни. ... повеќе

 
 

ИЗВЕШТАЈ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,,СПОРТСКА НАДЕЖ,,

 

На 09.01.2013 година во просториите на Македонската опера и балет се изврши избор на спортист и спортист жена за 2012 година. За спортист беше избран ракометарот Наумче Мојсовски, а за спортист жена Оливера Наковска Бикова која освои златен медал во стрелаштво на параолимписките игри во Лондон . ... повеќе